речник контакт

Имале к`смет на железничките пруги

Среќа во несреќа, воз удрил рибар а тој минал со скршеници. Во саботата вечер избегната трагедија на влезот од велешката железничка станица.

Петар Печков

Првиот настанот се случи во понеделникот утрото околу 6 часот во близина на железничката станица Рајко Жинзифов, кај  новоизградената црквата Св. Ѓоргија и висечкиот мост.  Скопјанецот Т.З. ( 75 год)  се враќал од риба и заморен што цела ноќ минал покрај реката не приметил дека доаѓа воз од правецот на Скопје.

Возот со полна брзина  минал покрај Т.З кој од воздушниот удар летнал на земја и удрил на висечкиот мост. По ова се здобил со повреди. Среќна околност за него е што по 15-тина минути потоа минала железничка дресина, со вработени од ЈП МЖ. Тој почнал да мавта и бил регистриран, возилото застанало и го земал старецот кои потоа бил превезен до Скопје. На Железничка станица бил преземен од Брзата помош и пренесен на Градска Болница, каде се регистрирани две скршеници на клучната коска и на рамото.

Во саботата навечер околу 21 часот е избегната голема трагедија на влезот на велешката железничка станица од правецот на Гевгелија и Кочани. Тогаш стигна моторниот воз од Кочани кој беше сопрен на сигнал па од него се симнаа три деца. Тие се упатија по пругата за Гевгелија кон спортската сала Гемиџии. Во тие моменти од железничката станица од Велес беше пуштен експресот за Солун, кон веќе се наоѓаше до моторниот воз.

Поради кривината и темницата која владее на пругата, трите деца и не се забележуваа на пругата за да машиновозачот во последен момент ги види на неколку метри од локомотивата. Започна силно да сиви и децата во последен момент со скок во ендекот спасија жива глава. Возот сопре стотина метри потоа за да машиновозачот се симне и види што се случило, заедно со преплашените патници од возот и малкумината минувачи по улицата Алексо Демниевски Бауман.

На голема радост и среќа на присутните трите деца излегоа живи и здрави, само со избербатена облека од блискиот ендек. Вистинска среќа и за малку избегната голема трагедија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »